Велат дека е позгоден и од Аполон: Тој е прогласен за најубав спортист на Олимписките игри

Кармин

29/07/2021

11:43

17.731

Големина на фонт

а а а

Освен поради атлетските способности, одредени спортисти се популарни и поради изгледот и атлетската градба.

Нижат професионални успеси, а нивната појава плени со харизма и убавина и често можеме да слушнеме коментари дека „изгледаат како Аполон“ или се „навистина презгодни“. Во странските медиуми некои олимпијци веќе добија статус на многу атрактивни личности, а помеѓу нив доминира едно име.

Станува збор за познатиот американски пливач Кејлеб Дресел кој го нарекуваат „најдобриот спортист по Мајкл Фелпс“. Тој е повеќекратен олимписки победник и светски рекордер кој веќе се закити со злато во Токио. Но, овој 24-годишен спортист не ужива да биде во центарот на вниманието надвор од базенот, пишуваат медиумите.


И колку и жените да воздивнуваат по неговата појава, неговата љубов е сепак насочена кон сопругата Меган со која се познава уште од средно училиште.

Тетоважите кои се наоѓаат на неговото тело имаат посебно значење:

„Имам мечки, портокали, магнолија... Многу од тие работи се посветени на Флорида“, изјавил Дресел во една прилика.


Интересно е што пливањето не била негова прва љубов. Во интервју за „Mad Rabbit“ признал дека тоа било фудбалот и дека „сè уште е“.

Важи за исклучително сентиментална личност. Имено, Кејлеб ја чува марамата од својата покојна професорка по математика од средно училиште за која смета дека многу влијаела врз неговиот живот.

„Овој детаљ беше близу мене на секоја трка и така ќе остане сè додека не ја завршам кариерата“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk