Маја Волк го започнува секое утро со овој напиток: Моќна комбинација која ги чисти цревата од токсини и го зајакнува организмот

Кармин

20/07/2021

15:42

4.767

Големина на фонт

а а а

62-годишната Маја Волк е позната како заговорник на здравата исхрана. Таа е доктор на наука, сценарист, фадо музичар и универзитетски професор, но најмногу ја знаеме како личност која се излекувала од рак, хранејќи се со здрава храна.

Денес нејзините совети и рецепти ги применуваат стотици луѓе, а овојпат ви претставуваме рецепт за зелен сок кој ќе ви даде доволно енергија за целиот ден, но и ќе го забрза метаболизмот, ќе ја подобри работата на цревата и ќе ги исфрли наталожените токсини од телото.

Маја споделила видео на кое покажала како изгледа самиот процес на подготовка:

За овој сок ви се потребни: портокал, грејпфрут, зелено јаболко, парче тиква, банана, киви, босилек, оригано, зелена салата, магдонос и копар.

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер или соковник. Доколку го подготвувате сокот во блендер, додајте и малку вода. По желба засладете со мед или агаве сируп.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk