„Она кога мајка ти е Џеј Ло, а ти изгледаш вака“: Ќерката на поп иконата трпи неверојатни навреди на сметка на својот изглед

Кармин

19/07/2021

23:55

10.323

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез е личност која постојано ја следат папараци и привлекува внимание подеднакво кога е на улица и кога е на црвениот тепих.

Дел од тоа внимание го добиваат и нејзините деца, близнаците Ема и Макс кои се постојано со неа, но кои за жал веќе го почувствувале сето она најлошо кое го носи светската слава.


Џеј Ло е жена која блеска во секој момент и на сите полиња од својот живот, а оттаму се веројатно и големите очекувања на јавноста и за нејзината 13-годишна ќерка Ема Муњиз. Од некоја причина, таа веќе некој период е на мета на бројни негативни критики на сметка на начинот на кој тинејџерката се облекува, како и дека наводно не се „грижи премногу“ за својот физички изглед.

Ема која неодамна ја бојадисала косата во сина боја, воглавно носи широка облека и автентични џемпери и тоа за многумина било „трн во око“, па си дале право да коментираат како изгледа едно дете.


„Кутра, личи на татко ѝ“, „На кого ли е ваква?“, „Она кога мајка ти е Џеј Ло, а ти изгледаш вака“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи, а има и такви кои ја обвинуваат пејачката за тоа како се облекува нејзината ќерка, тврдејќи дека таа секогаш е премногу сексуализирана и на некој начин Ема го компензира тоа со широка и невпечатлива облека.


Низата лоши коментари е долга и е само опомена за луѓето кои ги водат социјалните мрежи дека треба да преземат дел од одговорноста за она што се појавува онлајн како и да направат сѐ што можат за да се филтрираат и забранат ваквите коментари. Станува збор за дете кое има 13 години и кое може да се облекува како што сака, пишуваат американските медиуми. Некои од тие одвратни забелешки ќе стигнат до неа и сигурно нема да ѝ биде сеедно, иако нејзината мајка е Џенифер Лопез.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk