Хемија уште од првиот поглед и љубов за цел живот: Како се засакале Пенелопе Круз и Хавиер Бардем?

Кармин

10/06/2021

10:59

3.932

Големина на фонт

а а а

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем успешно го кријат својот приватен живот далеку од очите на јавноста.

Во едно од ретките интервјуа кои ги дава на оваа тема, Хавиер открил како започнала љубовната приказна која трае веќе 12 години.

Приказната започнала од познатиот филм „Jamon Jamon“ на Бигас Луна од 1992 година, кога Пенелопе и Хавиер за првпат се сретнале.


„Дали имаше хемија? Секако! Доволно е да го погледнете филмот, тој е документ на таа хемија, остварување кое ќе им го покажуваме на децата и внуците. Привлечноста постоеше од старт, но таа беше малолетна. Имаше само 16 години кога снимавме, а јас 21 и ништо не можеше ни да се случи. Беше многу храбро од нејзините родители да ѝ дозволат да сними провокативен филм полн со експлицитни сцени на толку млади години. Кога мојата ќерка би ми донела такво сценарио во тие години, нема ниту една сума на пари поради која би ѝ дозволил да го снима тој филм. Нема шанси“, изјавил Бардем.

Хавиер и Пенелопе никогаш повеќе не соработувале на некој филм, но останале во контакт и повремено се гледале на престижните доделувања на филмските награди.


Така било сè до 2007 година кога на сетот ги споил Вуди Ален и неговиот филм „Vicky Christina Barcelona“.

„Да, повторно работевме заедно и повторно хемијата беше повеќе од очигледна, но ништо не се случуваше. Не знам дали тоа беше од срам да се направи првиот чекор или поради желбата максимално да бидеме професионални. Во секој случај, ништо не се случи и дојде последниот ден од снимањето, кога ми пројде низ глава: Ние мораме да се напиеме! За среќа, заеднички пријател приреди забава, а останатото е историја. Фала му на Бога“, вели Хавиер за Пенелопе.


На прашањето колку Круз е слична на ликот кој го толкува во филмот на Ален, тој одговорил:

„Многу! Таа го има тој огнен темперамент. Постојат сцени во кои се караме и таа ме мава со чинии. Имаше моменти кога се прашував дали ми е потребно тоа, но таа е таква, страсна и поради тоа ја сакам, поради тоа ме привлече уште од старт. Таа не е само убава туку е и најсексапилната жена на светот“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk