За средба со поранешниот сопруг – внимателно избран стајлинг: Ирина и Бредли на прошетка со својата ќеркичка

Кармин

03/06/2021

14:23

4.892

Големина на фонт

а а а

Додека си игра со својата ќеркичка во њујоршките паркови, руската манекенка вообичаено бира модни комбинации кои се удобни, но овојпат очигледно имала причина да го истакне својот сексапил.

Најпознатата руска манекенка на планетата, Ирина Шајк, во јуни 2019 година се разведе од холивудскиот актер Бредли Купер, по речиси две години од раѓањето на нивната ќерка.

Парот сепак остана во добри односи и заедно се грижат за малечката Леа, а повеќе не е ниту изненадувачки доколку ги видиме сите тројца заедно.


Па така папарацо фотографите овојпат ги „уловиле“ како шетаат по њујоршките улици, како разговараат, а потоа застанале во еден парк и денот го поминале во забава и игра.

Едно нешто кое е интересно е тоа што насмевката на Бредли е навистина волшебна додека разговара со Ирина.

Шајк, која веројатно е една од најчесто фотографираните жени на планетава, секојдневно е на мета на папараците, па нејзините модни комбинации речиси секогаш ги знаеме.


Поради тоа, сега се коментира овој нејзин внимателно избран стајлинг, очигледно поради тоа што сакала да ја истакне својата сексапилна фигура.

Вообичаените панталони и комотна облека ги заменила со мини-фустан со копчиња и без ракави, а стајлингот го заокружила со чизми.

Тука е и ретро чантата во слична нијанса и ефектни очила за сонце - едноставно прекрасна!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk