Шерон Стоун (63) повторно го 'запали' интернетот: Се фотографирала во костим за капење и повторно докажа зошто сите ја нарекуваат божица!

Кармин

07/05/2021

15:24

4.091

Големина на фонт

а а а

Актерката Шерон Стоун има 63 години, но своите години убаво ги носи.

Во едноделен костим, покрај базен, се фотографирала на лежалка и ја покажала својата витка линија. Друштво ѝ правело нејзиното куче Џо.

„Изгледаш неверојатно“, „Прекрасна жена“, „Божица“, се само дел од коментарите на фотографијата која има повеќе од 120.000 допаѓања.


Прашана за тајната на својот изглед, Шерон Стоун пред неколку години за „Haute Living“ изјавила:

„Користам добри креми за кожа и се трудам да не заборавам да ги депилирам нозете. Сакам да спортувам и мислам дека тоа е клучот за добро здравје. Постојано танцувам. Се занимавам со јога, пилатес, играм со децата, јавам коњи, често одам на плажа - правам сè што е потребно само за да се движам“.

Славната актерка е горда мајка на три посвоени синови: Рон (20), Лерд (15) и Квин (14).



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk