„Ако не сакате да готвите, тогаш немате право да барате од момчето да ви ги плаќа сметките во ресторан“

Кармин

07/04/2021

11:42

1.333

Големина на фонт

а а а

„Кога го завршив средното училиште, не ми падна напамет да запишам факултет, ниту да барам работа. Точно знаев која е мојата мисија“.

На овој начин Медисон Даструп ја започнува својата приказна, која доби лавина од коментари и критики откако изјави дека „жените ја мразат бидејќи е антифеминистка“. Како што вели таа, веднаш по завршување на средното училиште го спакувала своето сукало и тргнала во „исполнување на својата цел“, а тоа е да биде домаќинка.

Медисон се верила на 18 години, а стапила во брак една година подоцна. Веќе на 21 година, таа и својот сопруг успеале да ја купат својата прва куќа, а наскоро го дочекале и своето прво дете - ќерката Ел Луиз.

Даструп со гордост истакнува дека е домаќинка која деновите ги исполнува со готвење, чистење и мајчински обврски.

„Отсекогаш сум сакала да бидам домаќинка. Кога му готвам ручек на мојот сопруг, тоа е мојот начин да му се заблагодарам што заработува за нашето семејство. Сакам, кога ќе дојде дома од работа, да има семејство на кое може да се потпре и кое ќе го згрижи. Ми претставува радост тоа што сум му на располагање нему и на моите деца“, вели таа.

Медисон се прославила на социјалните мрежи со своите рецепти и совети за одржување на беспрекорен дом, но вели дека не било отсекогаш така.

„Од старт сакав да бидам домаќинка, но на почетокот не беше сè толку лесно. Тогаш мојот сопруг ми рече дека морам да бидам подобра и навистина давав сè од себе. Се трудев и денес сум совршена домаќинка“, вели таа.

Вели и дека е често на мета на критики на феминистки кои ѝ велат дека ја поткопува идејата за рамноправност помеѓу мажите и жените. Но, Медисон се смета себеси за антифеминистка и се гордее со тоа.

„Јас сум против феминизмот и ја поддржувам женственоста. Феминистките се лицемерни, ако не сакаш да готвиш тогаш немаш право да бараш од своето момче да ја плати сметката во ресторанот“, вели Даструп.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk