„Срцето ми беше во тешка состојба, едвај останав жива“: Српска тенисерка го опишала пеколот низ кој поминала поради коронавирусот

Точка

04/03/2021

21:04

4.531

Големина на фонт

а а а

Српската тенисерка Дејана Радановиќ опишала низ каква животна драма поминала поради коронавирусот.

Како што рекла и самата, имала среќа што воопшто останала жива. Радановиќ е родена во Зрењанин, во 1996-та година и досега најмногу стигнала до 187-мо место на „WTA“ листата. Во кариерата има 9 освоени „ITF“ титули.

Меѓутоа, коронавирусот значително ја успорил, а на Инстаграм објаснила дека белите дробови ѝ се тешко оштетени, но и срцето.

„Кон средината на ноември почнав да чувствувам необичен замор и на терен и надвор од него. Земав пет денови пауза за малку да се одморам, но кога повторно почнав да тренирам, чувството беше исто. Нозете ми беа толку многу тешки што не можев да трчам, а да не зборувам за вежбање во теретана. После 10 денови тренирање, неколку луѓе околу мене беа позитивни на Ковид-19. Јас веднаш направив тест, но се покажа како негативен. Направив тест за антитела и се покажа дека нивното ниво е екстремно високо, значи дека сум тренирала додека вирусот ми бил во телото. Немав никакви симптоми и во тој момент не ми падна на памет дека можеби вирусот е одговорен за мојата состојба“, опишува Радановиќ.

„Бев без никакви симптоми, освен тоа што бев уморна, немав во план да паузирам еден месец. Како на професионалните спортисти им е 'дозволено' да земат еден месец слободен само затоа што се чувствуваат уморно? Не зборувам тука за многу полоши состојби кои вирусот ги предизвикува, и повредите се разбира“.

После новата пауза, почувствувала подобрување и почнала со тренинзи.

„Кога завршив со подготовките отидов во Јужна Африка (1400 метри висина, 25-30 степени Целзиусови). Буквално немав сила да истрчам 50 метри и да се загреам за тренинзите. Првите неколку денови мислев дека морам да се прилагодам на новите услови. Но работите не се подобрија. Играв на натпревари во таква состојба и ми беше тешко и да одам. Тренирате по неколку часа дневно, а доаѓате до точка каде едвај можете да одите“, пишува Дејана.

По враќањето отишла на лекар и сфатила дека преголемите напори за неа можат да бидат фатални.

„Кога се вратив, појдов на кардиолог (нешто што требаше да го направам уште претходно) и срцето ми беше во лоша состојба. Сега, речиси 4 месеци подоцна уште не е закрепнато и не можам ни да замислам низ што сè поминало поради мене. За жал, имаше и спортисти кои тренираа со вирусот, не закрепнале доволно и срцето едноставно им застануваше. Веројатно не сум ни свесна колку сум среќна што моето не застана. Ако имате канцелариска работа, тогаш тоа е поинаква приказна, враќање на работа, отколку кога мора да трчате со часови во текот на денот. Слушајте го вашето тело и следете ги знаците кои ви ги дава“, заклучила Дајана Радановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг