Жените му се восхитуваат, а мажите му завидуваат: Рио Фердинанд откри мала тајна за својот изглед

Точка

25/02/2021

20:19

3.483

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд деновиве ја откри тајната на својот млад изглед, па признал што најмногу го мачи во тоа.

Британскиот фудбалер во пензија, Рио Фердинанд е еден од среќниците на кој што жените му се восхитуваат, а мажите му завидуваат поради младиот изглед.

Имено, 42-годишниот Рио открил дека бил принуден да купи кафеафкаста боја за коса откако пред неколку месеци почнале да му се забележуваат седите влакна на брадата и косата. Тој вели дека одлучил да се ослободи од нив на најлесниот можен начин, а стареењето воопшто не го загрижува.


„Одвреме-навреме ја бојадисувам брадата, имам неколку седи влакна, но лесно се справувам со тоа. Мислам дека така едноставно подобро изгледам. Не се срамам од тоа и не ми е гајле, но секако дека изгледам подобро кога немам седи влакна. Доколку ми беше седа целата брада, тогаш немаше да имам потреба да го правам тоа, но вака шарена... Изгледам како далматинец“, изјавил Рио во интервју за „BBC“.


Тоа било едно од неговите први интервјуа по карантинот поради коронавирусот, кој што го искористил за да го помине изгубеното време со своето семејство.

„Не бев дома 75 отсто од времето. Постојано патував по Европа, играв натпревари. А, и кога бев дома не знам дали навистина ментално бев присутен таму. Но, сега правам сè како што треба и навистина ми е убаво“, признал Рио. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг