Домашни равиоли според италијански рецепт: Научете како да го припремaте ова традиционално јадење на старински начин

Кармин

23/02/2021

14:47

1.423

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате малку да ја промените вашата исхрана, обидете се со овој вкусен ручек.

Потребни состојки:

За тесто:

- 400 гр. спанаќ

- 1 лажица сол

- 500 гр. брашно

- 2 јајца

За фил:

- 200 гр. печурки буковки

- 200 гр. сирење

- 100 гр. сино сирење

За сос:

- 350 мл. доматно пире

- 2 чешниња лук

- 1 супена лажица мед

- босилек

- сув зачин, црн бибер

Начин на припрема:

1. Спанаќот избланширајте го, па изблендирајте го и додадете го во брашното во кое сте додале 2 јајца и сол. Замесете тесто.

2. Поделете на два дела и оставете го тестото во фрижидер околу половина час.

3. Соединете ги состојките за сосот и варете до посакуваната густина. Испржете ги буковките и додадете ги во сирењето.

4. Расукајте го тестото и ставете го филот. Одозгора ставете го другиот дел од тестото и пресечете го во облик на равиоли.

5. Равиолите гответе ги во врела вода. Тие се готови кога ќе излезат на површина.

6. Сервирајте со сосот и додадете бадеми и пармезан по желба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk