Дуа Липа ја честиташе независноста на Косово: „Горда сум на тоа што го постигнавме и на тоа што допрва ќе го направиме“

Точка

17/02/2021

15:46

1.985

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Дуа Липа и оваа година го честиташе Денот на независноста на Косово на својот Инстаграм профил.

Со цртеж кој што го нацртал еден од нејзините фанови напишала и честитка и уште еднаш покажа дека не го заборава своето албанско потекло.

Таа исто така потсетила и на енергијата која што ја почувствувала пред 13 години кога на телевизија во Приштина го гледала тој историски настан.

„Незаборавно. Горда сум на тоа што го постигнавме и на тоа што допрва ќе го направиме“, заклучила Дуа.

Липа во разговор за британски „Guardian“ зборувала и за своето семејство, воените настани и потеклото.

Таа кажала дека во нејзиниот дом секогаш се зборува на албански јазик, но исто така зборувала и за нејзиниот дедо, истакнат историчар кој што останал без работа затоа што не сакал да ја лажира историјата и да пишува дека Косово отсекогаш бил дел од Србија, наведува „Avaz“.

Неодамна пејачката го коментирала и босанскиот филм „Quo Vadis, Aida?“:

„Ова е многу емотивна приказна во која што се зборува за геноцидот во Сребреница. Ме натера да се расплачам и да се присетам на сите емотивни приказни кои што ги слушнав за тоа кога бев мала. Апсолутно мора да го гледате тоа, тоа е босанскиот кандидат за Оскар и Златен глобус“, напишала Дуа Липа на својот Инстаграм профил.