Премиерот Заев до Мицкоски: „Редовни избори во 2024 година, а дотогаш сите треба да ги засукаме ракавите“

Точка

07/02/2021

12:10

2.828

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека моментално не е време за предвремени избори, а како причина за тоа наведе дека тие ја стопираат државата во натамошнит развој и патот кон евроинтеграциите.

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање изјави дека во наредниот период приоритет ќе биде подобрување на стандардот, новите инвестиции и отворање на нови работни места, наспроти предвремени парламентарни избори како што бара опозициското ВМРО-ДПМНЕ.

„Редовните избори се во 2024 година и треба да стоиме на тоа, а дотогаш треба буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме голема плата, само така ќе има поголеми инвестиции, само така ќе има поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ“, изјави Заев.

„Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме ваквите инвеститори да инвестираат во нови инвестиции, да отвораат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ“, заклучи премиерот, пренесува „360степени“.