Протече доверливиот, стратешки документ на Бундесверот: Русија претставува егзистенцијален ризик за Германија и Европа - Следната година ќе имаат 1,5 милиони војници

Точка

20/06/2025

21:00

1.701

Големина на фонт

а а а

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален ризик“ за земјата но и за Европа, според извештај на списанието „Шпигел“, кој имал пристап до класифициран стратешки документ на Бундесверот.

Во документот се предупредува дека Кремљ ја приспособува својата индустрија и лидерство „за да ги задоволи потребите на голем конфликт против НАТО до крајот на оваа деценија“.


Во стратешкиот документ, како што објави „Шпигел“, се наведува дека Русија докажано се подготвува за конфликт со НАТО, особено преку зајакнување на воените сили во западните делови на земјата, односно „на границите со НАТО“.

„Следната година, Русите би можеле да имаат 1,5 милиони активни војници“

Според процените од документот, Русија веќе следната година би можела има околу 1,5 милиони активни војници.


Германија може да одговори на таа закана само „со постојан развој на вооружените сили и зајакнување на капацитетите на ниво на целото општество“, заклучува документот.

Стратешкиот документ бил подготвуван во изминатите 18 месеци од страна на припадници на војската и експерти како насока за идниот развој на германскиот Бундесвер, пренесе „Шпигел“. Германското министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.


Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го поддржа барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на целите за трошоците за одбрана на НАТО на пет проценти од БДП, што е значајна промена на политиката овозможена со историското олеснување на строгите германски правила за задолжување.