Прво сите ги воодушеви, но потоа... Џенифер Лопез направила селфи фотографија, а еден детаљ ги разбеснил нејзините обожаватели

Кармин

21/01/2021

22:59

8.894

Големина на фонт

а а а

Џеј Ло направила непромислен потег кој што веднаш се нашол на мета на критиките во јавноста.

Џенифер Лопез е една од пејачките кои што учествуваа на свечената инаугурација на новиот американски претседател Џо Бајден. Нејзе ѝ припадна оваа чест, а не крие ниту колку била среќна поради тоа.


Џенифер веднаш се огласила на социјалната мрежа Инстаграм и споделила селфи фотографија која што ја направила со војниците:

„Беше голема чест да се поминат неколку моменти со овие храбри момци и жени. Ви благодарам на вашата жртва и служба. Ве величам денеска и секој ден. Ќе пеам за вас и за сите Американци“, напишала Џеј Ло.

Многумина ја пофалиле и порачале дека создава историја, но една фотографија обожавателите сепак ги разбеснила.

Имено, Џенифер со својата екипа позирала пред Капитол, но никој од нив не носел заштитна маска, па моментално се нашла на мета на критики.

„Сè уште сме сред пандемија, а вие одите на инаугурација со многу луѓе и никој не носи заштитна маска!?“, „Не го очекувавме ова од Џенифер“, биле само дел од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk