Кралицата Летиција во стилот на Кејт Мидлтон: Модна комбинација на која е невозможно да ѝ се најде маана

Кармин

03/12/2020

13:04

1.577

Големина на фонт

а а а

Кралицата Летиција отпатувала во Валенсија за да присуствува на доделувањето на престижните награди „Rei Jaume I“.

Оваа награда е основана во 1989 година и им се доделува на научници кои постигнале успех во своето истражувачко поле. 

Моментално постојат 6 различни категории, а на добитниците им се врачува златен медал и парична награда од 100.000 евра, со обврска дел од тие пари да ги реинвестираат во истражувања.

Сосема очекувано, Летиција на доделувањето на наградите пристигнала во многу елегантно издание.


Таа облекла комплет од дизајнерката Каролина Херера, кој веќе го носела и во други прилики и кој повеќе потсетува на модните комбинации на војвотката Кејт Мидлтон отколку на храбрите фустани на кои сме навикнати кога станува збор за шпанската кралица.


Сивиот фустан и капутот со виолетова постава од старата колекција за есен 2016 година, кралицата ги искомбинирала со класични сиви салонки и повторно ги воодушеви модните критичари и јавноста со својот префинет стил на облекување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk