20 идеи за празнично декорирање на прозорците

Кармин

02/12/2020

14:33

2.151

Големина на фонт

а а а

Празничното декорирање на домот ќе биде уште позабавно и поубаво ако ги украсите и прозорците. Украсите со бор, ламбички или борови гранчиња се само некои од идеите со кои прозорецот ќе заживее во празнично руво.

Секако, можете да декорирате само еден прозорец или повеќе, сето тоа зависи од вашите желби. Украсувањето на прозорците со празнични декорации ќе му даде на домот малку повеќе празнична магија, а ако се видливи и од улица, минувачите ќе имаат можност да уживаат во глетката на еден убаво украсен прозорец. 

Прозорецот можете да го украсите со лампиони кои едноставно ќе ги залепите на стаклото, со божиќна ѕвезда или со други соодветни украси. На прагот на прозорците можете да поставите божиќни фигури, свеќи, зимзелени гранчиња, шишарки – сè што ве асоцира на Божиќ.

Во продолжение ви претставуваме 20 прекрасни идеи за празнично декорирање на прозорците од кои можете да црпите инспирација:







Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk