Шерон Стоун открила дека позирала за „Плејбој“ за да напредува во кариерата

Кармин

15/10/2020

15:50

1.382

Големина на фонт

а а а

Актерката Шерон Стоун позирала за магазинот за возрасни „Плејбој“, како дел од нејзината кариерна стратегија, открила во последното интервју кај колешката Дру Баримор.

Шерон Стоун позирала за магазинот за да си обезбеди улога во „Ниски страсти“, филмот кој ја лансираше нејзината кариера и ја направи секс-симбол во Холивуд.

Во разговорот открила дека таа е 'личност со логика и стратегија'.

„Кога сфатив дека сакам да глумам во тој филм, одлучив да се фотографирам за 'Плејбој', со цел да ја добијам улогата“, рекла актерката.

Се потсетила на славата која ја добила речиси преку ноќ после овој трилер од 1992-ра година, но нагласува дека не очекувала толкав успех.

„Само мислев дека тоа е правата улога за мене и знаев дека морам да ја добијам. Но, не знаев дека ќе доживеам толкава слава“, рекла Стоун.

Шерон Стоун во истото интервју зборувала за своите години и за тоа како успева да изгледа младолико во своите 60-ти години.

„Кога влегов во 40-те години помислив дека ќе остарам, но сфатив дека сакам да контролирам кога ќе остарам“, рекла актерката, додавајќи дека сакала 'да старее како танчерка'.

„Отсекогаш сум мислела дека танчерките прекрасно стареат, така што почнав да се однесувам кон своето тело како да е танчерско, за да го постигнам тој изглед“, рекла актерката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk