Секое утро го пиела еликсирот на младоста и виталноста: Запознајте се со тајната на убавината на Мерилин Монро

Кармин

09/10/2020

11:36

2.122

Големина на фонт

а а а

Во интервју дадено за „Meri Kler“ во 1960-та година, зборувала за тоа дека сака да јаде сè.

На врвот од својата кариера, Мерилин Монро била една од најубавите жени на светот. Актерката дефинитивно била спротивност на денешните слаби модели.

Меѓутоа според рецептите пронајдени во нејзината библиотека и интервјуата кои што ги давала, била многу повеќе од русокоса девојка оптеретена со сексапил.

Во интервјуто кое што го дала во 1960-та година таа зборувала дека сака да јаде сè.

„Не сум пребирлива, само внимавам колку јадам. Морам да ги негувам моите облини 88-57-90, што е идеално за мојата висина од 166 центиметри. Сакам да задржам 53 килограми“ - зборувала таа.


Таа била првата жена во Холивуд која што зборувала за својот режим на исхрана. Тоа што денес е планетарен хит, всушност го започнала Мерилин.

Таа сакала да јаде месо и јајца, а во интервју го открила рецептот за волшебен напиток кој што го пиела секое утро, а кој што ѝ давал енергија и виталност.

„Пред да се истуширам, си подготвувам топло млеко со две изматени јајца внатре. Го обожувам овој напиток, а го подготвувам пред да одам на работа и уживам во него. Понекогаш консумирам и витамински таблети. Ручекот е богато парче месо, а вечерата исто така е обилна. Јагнешки котлети или пак џигер со пет-шест моркови. А потоа - сладолед“ - изјавила Мерилин.

Таа не јадела ниту леб ниту колачи. Таа поминувала само 10 минути во трчање или пак подигнување тегови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk