40-те одлично ѝ прилегаат: Сексапилното, но женствено издание на Каролина мами воздишки

Кармин

01/10/2020

10:54

4.517

Големина на фонт

а а а

Откако пред неколку дена прослави годишнина од брак со својот сопруг Михаил Корубин, поп пејачката Каролина Гочева замина на одмор покрај море.

Иако не откри каде моментално одмара, Гочева објави фотографија на која се гледа како чита книга, а во описот напишала: „Конечно лето“. 

Поп пејачката Каролина Гочева во април прослави 40 години, но иако е веќе во петтата деценија од животот, таа изгледа прекрасно. Најновата објава од пејачката ги воодушеви нејзините следбеници, а комплиментите само се нижат во коментари.

На фотографијата, Каролина позира во сензуален црн фустан со длабок шлиц во кој изгледа ултра сексапилно, но во истовреме и многу женствено. Како и секогаш, Каролина била во сосема природно издание со минимална шминка и собрана коса, а изгледот го надополнила со елегантни црно-бели папучи.

„Сликава зрачи убавина“, „Македонска убавина!“, „Блескаш“, „Сега знам зошто си ми симпатија цел живот“, се само дел од коментарите под фотографиите на прекрасната Каролина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk