Министерката Царовска со личен пример – го испрати својот син на училиште: „Ковид ни наметна нови правила,но...“

Кармин

01/10/2020

10:40

4.787

Големина на фонт

а а а

Актуелната министерка за образование, Мила Царовска, денеска го испрати своето синче Давид на првиот училишен ден во трето одделение.

Таа на својот Фејсбук профил објави и фотографии, но исто така напиша и порака на фотографиите за тоа што му порачува на својот син.

Ова е нејзината објава:

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение.

„Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“, напиша Царовска на Фејсбук.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и...

Posted by Мила Царовска on Thursday, October 1, 2020


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk