Процена на психијатар: Ако биде екстрадиран во САД, Асанж веројатно ќе се обиде да се самоубие

Точка

22/09/2020

16:53

809

Големина на фонт

а а а

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, многу веројатно ќе се обиде да се самоубие ако биде пратен во САД поради обвинение за шпионажа, изјаивл денес психијатарскиот експерт Мајкл Копелман на сослушувањето за екстрадицијата на Асанж.

Копелман, почесен професор по невропсихијатрија на Кралскиот колеџ во Лондон, рекол дека Асанж има историја на депресија и дека постои многу висок ризик за самоубиство ако обидот за екстрадиција успее, пренесува "AP". 

"Според моето мислење, непосредна екстрадиција или реална екстрадиција ќе предизвика обид за самоубиство", рекол Копелман за време на сведочењето на лондонскиот кривичен суд Олд Бејли.

Тој рекол дека постојат многу фактори на ризик, вклучувајќи семејна историја на депресија и самоубиства, како и изолацијата во еквадорската амбасада во Лондон, каде заминал во 2012-та година.

Копелман рекол дека на Асанж, исто така, му било дијагностицирано пореметување од аутистичен спектар, што е поврзано со склоноста да размислува за самоубиство.

Сослушувањето за екстрадиција почнало на 7-ми септември и би требало да трае до почетокот на октомври, а се очекува дека на судијата ќе му бидат потребни недели, па дури и месеци за да ја донесе одлуката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг