Пред да го сними дуетот со Лила, Филип Пешевски промовираше уште една песна

Точка

18/09/2020

22:18

4.673

Големина на фонт

а а а

Песната „Без оглед на сè“ од Филип Пешевски стана вистински хит, а оваа година во март тој промовираше уште една песна и видео запис насловена како „Ти ми стоиш најдобро“.

Но, Филип не запира тука. Тој во текот на вчерашниот ден промовираше уште една песна и видео запис за истата насловена како „Само за нас“.

Станува збор за тема на која како автор на музиката се потпишува самиот Филип Пешевски во соработка со младиот продуцент Тоше Арнаудовски, додека текстот е на младиот пејач.

Стиховите во песната совршено се совпаѓаат со видео записот, а згодната и атрактивна девојка во спотот на Филип само ја соединува „кулата“ која тој започна да ја гради со оваа песна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг