„Ѝ реков: 'Сите сакаат да се запознаат со мене, а јас сакам да те запознаам тебе'“ - Џамбазов со ексклузивно интервју за Бекстејџ

Точка

16/09/2020

16:20

7.990

Големина на фонт

а а а

Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборувал за љубовта со планинарката Илина Арсова, па открил како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.

„Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а сè после тоа е историја“, раскажал Џамбазов.

Признал и дека врската со Илина му е сериозна, па не ја исклучил можноста наскоро да започнат заеднички живот.

„Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи сè. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае“, признал Игор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг