Која е Иванка Трамп? Има пристап до важни информации, а вчера присуствувала и во разговорите меѓу Белград и Приштина...

Кармин

04/09/2020

20:40

4.676

Големина на фонт

а а а

Иванка е личност во која што американскиот претседател Доналд Трамп има најголема доверба, а воедно има и големо влијание на креирањето на неговите ставови, особено во надворешната политика.

Ќерката од првиот брак на Доналд Трамп, Иванка Трамп, која што во средата одненадеш се приклучила во втората рунда разговори помеѓу Белград и Приштина, е личност во која што американскиот претседател има најголема доверба.

Американските медиуми пишуваат дека таа има пристап до доверливите податоци и ја нарекуваат „очите и ушите на Трамп“.


Речиси и да немало странска земја во која што Трамп бил во официјална посета, а дел од делегацијата да не била и Иванка Трамп.

Таа била со американскиот претседател во текот на неговата посета во Саудиска Арабија, што беше првото службено патувањето на Трамп како претседател на САД.

Таа стоела рамо до рамо со нејзиниот татко и на неговиот официјален состанок со поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и германската канцеларка Ангела Меркел.

Инаку, Иванка е венчана со Џеред Кушнер, исто така советник на Трамп, кој што во суштина е десна рака на шефот на Белата куќа и креатор на многу негови надворешно-политички потези.


Иванка особено се занимава со давањето поддршка на развојот на женското претприемништво ширум светот.

За тоа колку Иванка Трамп има влијани во Белата куќа, зборувал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој што открил дека на состанокот во Вашингтон Иванка покренала две важни економски теми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk