Филип Божиновски стана татко: „Еден ден пред мојот роденден го добив најубавиот подарок“

Точка

25/08/2020

22:33

5.537

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач Филип Божиновски стана татко. Неговата сопруга Сања Митровска вчера на свет донесе девојче.

Филип убавата вест ја сподели на социјалните мрежи, со постара фотографија од неговата сакана и, тогаш сè уште неродената ќерка.

„Денеска, на 24-ти август, еден ден пред мојот роденден го добив најубавиот подарок. Чувството не се опишува. Емоциите не можам да ги објаснам со зборови. Мојата Сања Митровска ми роди ќерка. Станав татко. Новото поглавје во нашиот живот допрва почнува“, напиша Божиновски.

24 АВГУСТ.. ден пред мојот роденден си добив НАЈУБАВ ПОКЛОН ❤️

Чувството неее се опишува..емоции кои неможат да се...

Posted by Филип Божиновски on Понеделник, 24 август 2020

Инаку Филип и Сања се во брак две години, од 30.09.2018-та година, па новиот член во нивното семејство е одличен подарок за предвремена прослава на годишницата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг