Нови панични купувања и колапс во сообраќајот поради четири нови случаи: Хаос на Нов Зеланд поради блокадата

Точка

12/08/2020

14:30

1.674

Големина на фонт

а а а

Сите нови случаи се поврзуваат со едно семејство, вклучувајќи 50-годишен маж и едно дете.

Луѓето во Оукленд повторно купуваат панично, а забележан е хаос во сообраќајот откако премиерката на Нов Зеланд објавила нова блокада на градот поради појава на случаи со коронавирус по 102 дена. 

Џасинда Ардерн објавила фаза 3, која подразбира наредба за "останување дома" во Оукленд во наредните 72 часа, почнувајќи од полноќ во среда, откако градот забележал 4 нови случаи на коронавирус.

Остатокот од земјата е ставен во фаза 2, што значи дека е задолжителна социјалната дистанца и се ограничува бројот на луѓе на собири.

Снимени се редови од луѓе пред продавници и супермаркети ширум градот, иако премиерката ги замолила луѓето да не се собираат во трговските центри.

Некои побрзале да заминат од градот пред воведувањето на блокадата, поради што се создал и хаос во сообраќајот.

Сите нови случаи во вторникот се поврзуваат со едно семејство, вклучувајќи 50-годишен маж и едно дете.

Трагачите се обидуваат да го откријат потеклото на вирусот, со оглед на тоа дека семејството немало контакт со патници од странство.

Нацијата неколку пати е пофалена поради начинот на кој успеала да ја спречи епидемијата, откако забележала 102 дена без локален пренос на вирусот.

Новозеланѓаните почнале да уживаат во вратените слободи по есенската блокада, која се покажала како ефикасна во елиминирање на вирусот.

Меѓутоа, во вторникот навечер било кажано дека слободата повторно ќе им биде ставена на чекање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг