Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија

Макфакс

04/10/2026

17:30

205

Големина на фонт

а а а

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија, кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека сега е редот на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски, ова го изјави за време на разговор со новинарите во Киев, заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Американската страна контактираше со Украина и Русија и предлага до крајот на октомври, на техничко ниво, во трилатерален формат, да се одржи состанок на некаков начин. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го испратил предлогот до Москва и се чека на нивен одговор.

„Реагираме позитивно на преговорите“, рече Зеленски.