Тежок противник за Силекс во квалификациите од Лигата на шампионите

Дерби

09/08/2020

13:28

1.952

Големина на фонт

а а а

Единствениот македонски претставник во квалификациите од Лигата на шампионите, кратовски Силекс го доби противникот за второто квалификациско коло.

Силекс во најелитното европско натпреварување ќе се соочи со шампионот на Азербејџан, екипата на Карабах.

И повеќе од јасно е дека Карабах е огромен фаворит, но од Силекс не се откажуваат имајќи предвид дека се игра само еден натпревар.

Натпреварот ќе се одигра на 17. или 18. август, а допрва ќе биде одредено каде точно ќе се одигра.

Тимот од Кратово беше во групата 4 во рангот на неносители, а освен Карабах како можни противници можеше да ги добие Макаби Тел Авив, Астана и Динамо Тбилиси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг