Во Србија шестмина починати и 255 новозаболени со ковид-19

Макфакс

08/08/2020

17:54

1.062

Големина на фонт

а а а

Во изминатите 24 часа во Србија од коронавирус починале шест луѓе, а од 8.014 тестирани 255 се позитивни, соопштија здравствените власти.

На болничко лекување се 3.096 пациенти, од кои 121 на респиратори.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се вкупно 27.863 заразени, а според официјалните податоци на здравствените власти од последица на инфекцијата на ковид-19, починале 632 лица.

Вкупно се тестирани 741.073 лица, а стапката на смртност е 2,27 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг