Парот го продава својот заеднички имот – Џеј Ло и Алекс Родригез ставаат крај на својата врска?

Кармин

07/08/2020

14:12

3.389

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми сè повеќе пишуваат дека дошол крајот на љубовта помеѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез.

“Нивниот однос повеќе не е како на почетокот. На Алекс започнало да му смета што Лопез постојано се фотографира и снима гола, а на пријателите им се пожалил дека таа е опседната со покажување на телотo”, изјавил извор близок до парот. 


Имено, гласините за проблемите во нивната врска се појавија кога парот поради пандемијата на коронавирусот одлучил да ја откаже венчавката која требаше да се одржи во Италија ова лето. Поединечни светски медиуми тврдат дека пандемијата била само причина плус за тие двајца да добијат време и да го искористат периодот за размислување дали се сигурни за таквата одлука.

Поранешниот професионален играч на бејзбол наводно уште на почетокот на врската ѝ укажал на Џенифер дека сака да има уште деца, а таа му ветила дека ќе му го оствари тоа доколку се барем една година заедно. Но, потоа го променила своето мислење што многу го разочарало Алекс.


“Тој се разочара бидејќи му дала лажно ветување. Се радуваше на помислата дека ќе има заедничко дете со неа, а таа одненадеж го промени мислењето”, истакнал изворот.

Иако парот на Инстаграм сè уште објавува заеднички фотографии, дополнителни гласини за нивната разделба покрена и информацијата дека парот пред неколку дена ја ставил луксузната куќа во Малибу на продажба.

“Сакаат да се ослободат од сите заеднички недвижнини за да ги поделат парите и да се разделат во мир”, изјавил изворот близок до Џеј Ло и Родригез.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk