Британски научник порача: Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Точка

06/08/2020

09:48

2.370

Големина на фонт

а а а

Експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан е трета по моќност во историјата, веднаш после експлозијата на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, тврди Кристофер Базби, британски експерт за ефектите од јонизирачкото зрачење и научен секретар во Европскиот комитет за ризик од радијација.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд веќе ја спореди експлозијата во бејрутското пристаниште со експлозиите на нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945-та година.

Сепак, британскиот експерт Базби има научна аргументација за тоа - на бејрутското пристаниште експлодираа повеќе од 2,700 тони амониум нитрат, што значи дека експлозијата е еквивалентна на силата на експлозија од 10 до 12 килотони ТНТ.

„Силниот ударен бран направи компресирачки прстен во воденото испарување, како што тоа го прави и нуклеарната бомба кога се детонира во близина на водена површина“, го објаснува Базби ефектот на создавање на печурка по експлозијата.

Како што вели, слични експлозии се случувале низ историјата, но ниту една не била силна како оваа во Бејрут.

„Една се случи во Тексас, исто така на пристаниште, а втората во Германија во 20-тите години од 20-тиот век во еден магацин. Меѓутоа, оваа во Бејрут е најмоќна после Хирошима и Нагасаки“, заклучи британскиот експерт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг