Облачно време со пороен дожд и грмежи

Макфакс

06/08/2020

09:33

1.035

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг