Од јачината на ударот се превртел и крузер: Сателитските снимки ги покажуваат размерите на катастрофата во Бејрут

Точка

05/08/2020

21:00

11.787

Големина на фонт

а а а

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објавила сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и после вчерашните експлозии.

Сателитски фотографии објавиле и израелска и француска компанија.


Првата фотографија е од 4-ти ноември, 2019-та година, а на неа се прикажани голем број магацини и други објекти близу водата. Втората фотографија е направена денеска и ги прикажува само контурите на зградите на пристаништето.


Фотографиите ги направил рускиот сателит „Kanopsus-V“.

Фотографиите од вселената ги објавила и компанијата „Airbus space“, како и израелската компанија „ImageSat International“.

Airbus“ ги објавиле фотографиите од францускиот сателит „Pléiades“. На нив се гледа дека сите складишта на пристаништето се уништени, а од станбените згради останале само рушевини.

Израелската компанија на своите објавени фотографии ги обележа димензиите на кратерот што останал по експлозијата.


Исто така е прикажана фотографија и од крузерот „Orient Queen“, кој се превртел од јачината на ударот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг