Медиуми: Амониум нитратот кој е виновен за експлозијата во Бејрут бил конфискуван од руски бизнисмен

Точка

05/08/2020

21:10

5.232

Големина на фонт

а а а

Речиси 3.000 тони високоексплозивно ѓубриво кое во вторникот во Бејрут предизвикало катастрофална експлозија, потекнува од брод во сопственост на руски бизнисмен, пренесува денеска порталот "Медијазона", повикувајќи се на либанска телевизија и членови на екипажот на бродот.

Либанскиот премиер Хаса Дијаб во вторникот соопштил дека експлодирале 2.750 кубни метри амониум нитрат, кој со години седел во складиште во бејрутското пристаниште. Експлозијата убила најмалку 100 луѓе и нанела огромна шета на престолнината на Либан. Засега не е познато што ја активирало експлозијата, пренесува "Moscow Times". 

Либанските власти во 2014-та година заплениле 2.750 тони амониум нитрат од молдавскиот брод "Росус", пренела вчера либанската телевизија "LBCI", цитирајќи ги изворите од состанокот на Врховниот совет за одбрана.

"Росус" е во сопственост на Игор Гречушкин, руски државјанин кој живее на Кипар, пренесува "Медијазона", повикувајќи се на членовите на екипажот.

Бродот во 2013-та година пловел од Грузија за Мозамбик, кога поради дефект морал да застане крај брегот на Бејрут. Кратко потоа Гречушкин банкротирал, а екипажот била заробен на бродот неколку месеци, се додека амониум нитратот конечно не бил истоварен, пренесува "Moscow Times".

Ѓубривото од тогаш било во небезбедно складиште на пристаништето.

Оваа приказна денес ја потврдил и генералниот менаџер на тој објект, Хасан Корати.

Корати рекол дека царинското одделение и државната безбедност барале од властите материјалот да биде извезен или отстранет, но, како што навел, ништо не се случило, пренесува "Reuters" повикувајќи се на локалната телевизија "OTV".

Тој додал дека не бил свесен за тоа во кој опсег е "опасен материјалот", чуван во подрачјето на пристаништето, додава "Evening Standard".

Првите резултати од истрагата за експлозијата на пристаништето во Бејрут укажуваат на повеќегодишната неактивност и невнимание поради складирање на високо експлозивен материја, пренесува "Reuters" повикувајќи се на официјален извор запознаен со наведените наоди.

Друг извор, кој е близок со еден вработен на пристаништето, рекол дека тимот кој врши инспекција за материјална шета пред шест години предупредил дека тој материјал може да го крене цел Бејрут во воздух, доколку не се отстрани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг