Доктор Ненад Лазаров: Кај ОХИС има 14 тонска цистерна со винилхлорид, која ако експлодира ќе направи масакр во Скопје

Точка

05/08/2020

21:35

16.804

Големина на фонт

а а а

"Додека сте насекирани за Бејрут, во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид, која стои непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут" - со овие зборови денеска доктор Ненад Лазаров ја започна својата објава на Фејсбук.

Целиот свет е вознемирен од вчерашната експлозија во Бејрут, во која загинаа повеќе од 100 лица, а неколку илјади се повредени. 

Експлозијата во Бејрут била повод за доктор Лазаров на социјалните мрежи да потсети на опасноста од ОХИС, каде има 14-тонска цистерна со винилхлорид.

Додека сте насекирани за Бејрут:

Во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена...

Posted by Nenad Lazarov on Wednesday, 5 August 2020

Статусот во го пренесуваме во целост:

"Додека сте насекирани за Бејрут: 

Во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут.

Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град".



Спонзорирани линкови

Маркетинг