Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Макфакс

03/08/2020

12:37

2.387

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“.

"Кога ја анализирам моменталната ситуација, сфаќам дека ова е проба за биолошка војна. Не велам дека овој вирус го направил човек, нема доволно основа за вакви тврдења, а и не сум виролог. Но ова е тестирање на здравствениот систем, вклучително и биолошка заштита на земјата“ истакна Рошаљ во интервју за „Форбс“. 

Тој укажува на тоа дека вирусот не познава граници и дека е невозможно да се предвиди ширењето на епидемијата, бидејќи луѓе од различни земји различно се однесуваат, наспроти сите ограничувања.

Според него, во Русија во борбата против вирусот вклучени се сите, вклучително и претседателот и владата.

Рускиот лекар смета дека ниската стапка на смертност во земјата е поврзана со правовременото воведување на ограничувања за влез во земјата и мерките за внатрешна контрола.

„ Коронавирусот ја тестира издржливоста на човештвото и тоа како ќе поднесеме сериозна биолошка катастрофа“ заклучува рускиот доктор.

Рошаљ порачува дека е неопходно да се продолжи со носење маски и ракавици, дека не треба да се носат настинати и болни деца во градинка, дека треба да се почитуваат санитрните мерки во фабриките, да се забрани доаѓањето на работа на вработените кои не се чувствуваат добро и да се спроведат тестирања на коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг