Илон Маск ѝ подарил „Tesla“ автомобил на Амбер, нејзиното семејство било непријатно изненадено од тоа што имало внатре...

Точка

01/08/2020

17:00

11.912

Големина на фонт

а а а

Илон Маск на својата поранешна девојка Амбер Херд ѝ поклонил автомобил „Tesla“, но во него се наоѓал уред за прислушкување, наводно открила нејзината мајка која што повеќе го сакала Џони Деп отколку Маск.

Основачот на непрофитната организација и семеен пријател, Џенифер Ховел, тоа го изјавила и во службен документ додавајќи дека станала блиска пријателка со сестрата на Амбер, Витни додека ѝ била шефица од 2014-та до 2016-та година.

Таа исто така ја запознала и покојната мајка на актерката, Пеги, која што наводно многу зборувала за врската на Амбер со Маск.


Ховел изјавила:

„Додека бев да се видам со Витни, Пеги ми кажа дека Маск на нејзината ќерка ѝ поклонил неколку „Tesla“ автомобили, но дека Амбер дознала дека внатре поставил уреди за прислушкување“.

Таа исто така додала дека Пеги, Маск го опишувала како опседнат со контрола, а за Деп зборувал дека е ангел и светец, па се надевала дека тој и нејзината ќерка еден ден ќе се смират.


Инаку, Маск во интервју кое што го дал за „The Sun“, демантирал дека спиел со Амбер зад грбот на Деп.

Тој и понатаму тврди дека со Амбер се гледал откако таа ја прекинала врската со Деп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг