Еве како македонската НБА ѕвезда го прослави роденденот

Точка

30/07/2020

19:46

5.112

Големина на фонт

а а а

Актуелниот претседател на кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ, вчеравечер го прослави својот 38-ми роденден.

Додека беа во брак, тој и неговата поранешна сопруга Ружица го славеа роденденот заедно, бидејќи се родени во ист ден, но овој пат Перо славел со најблиските во еден скопски бар.


На роденденот присуствувале многу познати личности, кои споделија и фотографии на социјалните мрежи.


На забавата биле и Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар, па токму пејачката беше таа која ја сними атмосферата на роденденот и ја 'пренесуваше' на Инстаграм-стори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг