Кој би рекол дека роди пред две години: Сара Мејс во 'жешко' издание ги распамети фановите

Точка

30/07/2020

18:50

7.968

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс, на социјалните мрежи постојано привлекува внимание со своите објави.

Па така, денеска Сара гордо покажа со што располага и колку си го сака своето тело.

Таа објави две фотографии на кои е во сексапилно розово-бело бикини, а целокупниот изглед го надополнила со голем шешир. На едната фотографија држи и бела наметка, која одлично се вклопува во ова летно издание, додека на другата фотографија ги истакнува своите совршени облини.

„Да се заљубиш во себеси е првата тајна која води кон среќа“, напиша Сара во описот.

Под фотографијата се нижат коментари за нејзиниот неверојатен изглед, а во едно сите се согласни - телото го довела до совршенство поради што никој не би поверувал дека пред две години стана мајка.


Ц.Н.




Спонзорирани линкови

Маркетинг