Латино дивата и нејзиниот вереник Алекс Родригез биле фотографирани на голф теренот во Хемптонс.
Латино дивата и американска пејачка Џенифер Лопез (51), оваа седмица има многу причини за славење.
Освен својот 51-ви роденден, нејзиниот фантастичен настап на полуфиналето на „Супербоул“ е номиниран за Еми награда, а на 27-ми јули и нејзиниот вереник Алекс Родригез наполнил 45 години.
Сега поп ѕвездата била фотографирана додека го бакнувала својот вереник Алекс Родригез за неговиот роденден во електричното возило на голф теренот во Њујорк.
Парот го одбележал роденденот на Алекс на голф теренот во Хемптонс, а во текот на тој настан тие изгледале среќно и заљубено.
Џенифер носела сина поло маица и здолниште за голф, како и патики во бела боја и изгледала преслатко, додека пак Алекс носел бела маица и црни панталони, а и двајцата исто така носеле заштитни маски на лицето.