„Момци, гледате ли Јутјуб? Видете кој е Мајкл Џордан“

Точка

29/07/2020

17:15

3.493

Големина на фонт

а а а

Видеото на кое најдобриот кошаркар на сите времиња игра кошарка со непознати момци, брзо се прошири на социјалните мрежи.

Иако има 57 години, 'неговото летечко височество' им покажало на неколку момци како се игра кошарка. На крајот и во свој стил дал кош и им се 'спротивставил' на противниците.

„Момци, гледате ли Јутјуб? Погледнее кој е Мајкл Џордан“, им порачал.

Ова видео го споделил и Берон Дејвис, еден од најдобрите плејмејкери на почетокот на новиот милениум.

„Мајкл Џордан сè уште може да игра во лига. Брз е како Џерид Дадли“, напишал Дејвис на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг