Револуционерно истражување! Научници направиле тест кој открива рак 4 години пред појавување на симптомите

Точка

22/07/2020

16:03

2.283

Големина на фонт

а а а

Научниците направиле тест кој открива рак четири години пред појавување на симптомите.

Група научници од Америка и Кина направиле тест кој овозможува со анализа на крв кај пациентот да се открие ракот четири години пред да се манифестираат симптомите, наведуваат во научното списание „Nature comunication“.

Со тестот може да се открие рак на желудникот, хранопроводот, црниот дроб и белите дробови. Научниците во Кина собирале примероци од крв на пациенти кои се борат против карцином во период од 2007-ма до 2017-та година. Во истражувањето учествувале повеќе од 120.000 луѓе од кои се земени повеќе од 1,5 милиони примероци крв.


Притоа, научниците правеле анализи и кај пациенти кај кои ракот е дијагностициран само неколку години откако им била земена крв за анализа.

Се истакнува дека тестот „PanSear“ овозможува да се открие рак во рана фаза кај асимптоматски пациенти, со веројатност за точност од 91 отсто.

Научниците ќе продолжат да ја усовршуваат методата, се наведува во изјавата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг