Гиговска за 10 години постарото момче: „Моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо не влијаеше на нас“

Точка

19/07/2020

09:30

56.757

Големина на фонт

а а а

Антониа Гиговска веќе долго време е во врска со 10-години постариот Иван Јованов, пејачот на групата „Либеро бенд“. Гиговска за Точка раскажа колку турбулентен бил почетокот на нивната љубовна романса, колку е позитивно тоа што се занимаваат со иста професија, за изненадувањето на скопскиот аеродром... Во продолжение прочитајте го целото интервју.

Како се запознавте со Иван, како започна вашата приказна?

Ние се знаеме одамна, само по колегијална линија. Тој знаел која е Антониа, јас сум знаела кој е Иван од Либеро бенд. Јас имам постар брат кој игра фудбал со Иван, му одел на забави и биле блиски, па така Иван слушнал како пеам уште на 12 години кога ја објавив мојата прва преработка на Јутјуб. Нашата приказна беше многу интересна. Додека сè уште бев малолетна, Иван ме „внесуваше“ во дискотека. Некоја година подоцна не спои една свадба на која што јас бев повикана да ја отпеам првата песна, а Либеро Бенд и Иван ја свиреа свадбата. Од првиот момент знаев дека сме еден за друг без разлика какви беа можностите во тој момент.. 

Дали наидовте на осудувања поради разликата во години?

Сигурно имало многу коментари кои што јас сигурно не сум ги прочитала од проста причина што сум личност што не обрнува внимание на коментари затоа што животот што го живеам е мој и што и да направам тоа е затоа што јас сакам така да биде. Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас. 

Сигурно многу од вас се борат за она што го сакаат, па така и јас се борев докрај и секогаш ќе се борам за сите мои блиски. Не се ограничувајте, следете си го срцето, правете го тоа што вас ве прави среќни.


Какви коментари најчесто добивате од фановите, како двојка?

Фановите често ни прават некои слики со разни ефекти, бои и ни го разубавуваат денот. Генерално не знам дали знаат, но ми значи секој нивни коментар бидејќи играат значајна улога во тоа каде сум денес.

Сите бевме сведоци на големото изненадување кое му го приреди на скопскиот аеродром. Но, со што те изненадува Иван тебе?

Хммм.... Досега не ме изненадил со ништо, ама внимава на ситници кои што верувам на секоја девојка повеќе би ѝ значеле отколку некое изненадување. Би било убаво да ме однесе на некој концерт на пример кај мојата омилена Били Ајлиш или Дуа Липа. Така ќе сме 50-50 (се смее).

Какви совети добиваш од него за твојата кариера?

Секојдневно ми помага во изборот на песни за моите настапи. Доаѓа со мене во студио. Ме учи „трилери" иако тешко ми оди, а и него богами со мене, но со труд и љубов сигурно ќе ги научам. Барем тој така вели. Знае да ме искритикува ако нешто правам погрешно, но ме поддржува во сè што правам.


Која е најсмешната работа која сте ја доживеале заедно?

Уживаме во секој момент, не би можела да се сетам на некоја смешна случка од причина што карактерно сме многу слични, па кога и да сме заедно или некој друг е во наше друштво мора да се смее.

Кој момент секогаш ќе го паметиш?

Момент за паметење... па сигурно неговиот израз на лице кога му го поклонив нашето куче Боно. Послатко е кога некого сакате да изненадите, а тој некој поим нема. Се сеќавам кога му го подарив, во тој момент се будеше од спиење.

Вашите фанови со нетрпение очекуваат песна од вас. Какви се вашите планови по тоа прашање?

Па размислуваме за песна/дует, но чекаме вистински момент. Дуети има сè помалку затоа што е потешко и песната треба сама по себе да дојде. Ја чекаме и ние.


Автор: Цеце Николова
Фото: Стефан Николовски



Спонзорирани линкови

Маркетинг