Солскјер ја составил „црната листа“ од шест фудбалери кои сака да ги продаде

Дерби

15/07/2020

17:30

2.505

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед направи неочекуван чекор назад во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите, откако прими гол во 96-та минута на мечот со Саутемптон.

Наместо да дојде до третото место, Манчестер остана на петтата позиција на табелата на три натпревари до крајот на сезоната, а иако сериозно е во игра за влез во Лигата на шампионите, составот на Оле Гунар Солскјер ќе мора да брка позитивни резултати на натпреварите против Кристал Палас и Вест Хем, пред оној клучниот во завршната рунда.

Во последното коло, Лестер и Јунајтед ќе имаат директна пресметка која може да го донесе патникот во Лигата на шампионите, натпреварување кое секако би му обезбедило далеку поголеми финансии на фудбалскиот великан од „Олд Трафорд“. 

Солскјер пред неколку дена изјави дека евентуалниот неуспех и неиграње во Лигата на шампионите нема да влијае врз трансфер стратегијата на клубот која е на долгорочен план, а откако го нагласи ова, „Телеграф“ сега излезе со објава за првата „црна листа“ која ја составил Норвежанецот. 

Угледниот британски медиум тврди дека на првичната отпусна листа која ја подготвил Солскјер се наоѓаат шест имиња, а тоа се Алексис Санчез, Фил Џоунс, Џеси Лингард, Крис Смолинг, Маркос Рохо и Диого Дало. Планот е со продажбата на овие фудбалери да се инаксира задоволителна сума на пари, која потоа би се инвестирала во нови засилувања по мерак на менаџерот на Јунајтед. 

Алексис, Смолинг и Рохо веќе се на позајмица и се очекува нивната продажба да оди полесно, Џеси Лингард исто така би бил интересна опција на трансфер пазарот, додека покомплицирани операции се очекува да бидат оние за Џоунс и Дало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг