Никогаш не додавајте млеко во јајцата – на овој начин се припрема највкусната кајгана

Точка

14/07/2020

16:55

4.242

Големина на фонт

а а а

Сите имаме свои методи кога станува збор за готвењето, но додавањето на млеко во кајганата е грешка која ја прават повеќето луѓе.

Во анкета на порталот “BuzzFeed”, читателите откриле на кој начин приготвуваат совршена кајгана. Повеќе од 60 отсто изјавиле дека додаваат млеко, тврдејќи дека тоа придонесува за покремасти пржени јајца. 

Но, таквиот начин на готвење е погрешен бидејќи млекото всушност само ги разредува јајцата и со самото тоа јадењето го губи вкусот и добива гумена структура.

Исто така, може да се случи да дојде до раздвојување на смесата во текот на готвењето.


“Никогаш не додавајте млеко во својата кајгана бидејќи го разредува вкусот и веројатно ќе добие гумена структура”, вели Дан Џоинс, готвач кој води неколку наградувани ресторани во Лондон. 

Ако сакате да припремите совршена кајгана, заборавете на овој млечен производ и наместо тоа употребете путер.

“Најдобра состојка за кајгана е путерот. Пред да ги ставите јајцата да се пржат, проверете дали путерот добил златножолта боја. Продолжете да мешате на средна температура”, истакнува Џоинс.

На кој начин вие ја припремате кајганата?



Спонзорирани линкови

Маркетинг