Актерот Итан Хок открива како Тесла би се штител од коронавирусот: „Вирусот не би го изненадил, поради...“

Точка

14/07/2020

11:49

4.402

Големина на фонт

а а а

Во Америка на 164-годишнината од раѓањето на еден од најголемите умови на светот, Никола Тесла, премиерно бил прикажан филмот „Тесла“.

По проекцијата била организирана и прослава на која што гости биле и режисерот Мајкл Алмереида и актерите Итан Хок и Кајл Мклаклан.

„Вистината за големиот научник Никола Тесла го одзема здивот, неговата мудрост, енергија и внатрешност ги привлекува луѓето.

Секоја сериозна личност на која што ја интересира науката, уметноста и филозофијата, неговото име го гледа насекаде околу себе“ - оцениле главните протагонисти на филмот „Тесла“ - Мајкл Алмереида и актерите Итан Хок и Кајл Меклаклан.


Хок проговорел и за пандемијата коронавирус и што би рекол Тесла на сето тоа:

„Новиот вирус не би го изненадил Тесла. Да ве потсетиме дека за многумина Тесла имаше ексцентрично однесување затоа што најмногу се чуваше од вируси и бактерии и никогаш со никој не се ракуваше поради што носел и ракавици во поголемиот дел од времето. Интересно е тоа што и многу често ги миел своите раце“.

Големиот актер за улогата се подготвил така што ги читал писмата и есеите на Тесла и сè што можел да најде, а што било поврзано со големиот научник.

„Филмот не е документарец, туку приказна на Алмереида за Тесла која што тој сакал да ја раскаже. Доколку си сериозна личност која што ја интересира наука, филозофија и уметност, ќе го слушате името Тесла во секој момент“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг