Трагичен крај: Безживотното тело на актерката Наја Ривера пронајдено во езерото Пиру

Точка

14/07/2020

09:55

3.496

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на телевизиската серија "Glee", исчезнала за време на пловење со изнајмен чамец со четиригодишниот син.

Телото на актерката Наја Ривера било пронајдено во езерото Пиру во Калифорнија по петдневна потрага, соопштиле вчера локалните власти. 

Ривера, 33-годишна ѕвезда на телевизиската серија "Glee", исчезнала за време на пловење со изнајмен чамец со четиригодишниот син.

Шерифот на округот Вентура потврдил дека телото на исчезнатата актерка било пронајдено во езерото Пиру.

Детето пред пет дена било пронајдено како спие во чамецот, и од тогаш неговата мајка се водела како исчезната.

Синот на Ривера на себе имал појас за спасување. Уште еден појас бил пронајден во чамецот, како и личните работи и документите на актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг