Ужасна вест од Франција: Ѕвезда на Тотенхем остана без својот брат по крвопролевање во Тулуз

Дерби

13/07/2020

16:48

2.079

Големина на фонт

а а а

Серж Орие доби ужасна вест од својата родна Франција неколку часа по дерби мечот во Премиер лигата, бидејќи француските медиуми ова утро информираат за насилна смрт на неговиот брат.

Помладиот брат на десниот бек на Тотенхем бил смртно застрелан пред ноќен клуб во Тулуз, или поточно на булеварот „Тибау“ некаде околу пет часот наутро. Кристофер Орие бил погоден во абдоменот, а иако експресно имало реакција и брзата помош брзо пристигнала на местото на настанот, братот на Серж починал на пат кон болница.

Полицијата го истражува случајот и преземени се сите мерки за расветлување на нападот, по кој за жал ѕвездата на Тотенхем остана без својот брат кој исто така беше фудбалер и настапуваше во аматерските лиги во Франција.

Причините за нападот на 26-годишниот Кристофер се непознати и медиумите од Франција не шпекулираат за било каква поврзаност со криминални банди, а полицијата во прв момент нема никаква трага од напаѓачите кои побегнале во непознат правец.

Овој немил инцидент пристигнува неколку часа по големото дерби меѓу Тотенхем и Арсенал кое им припадна на „петлите“ со 2:1, натпревар на кој Орие ги одигра сите 90 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг