Лампард по дебаклот во Шефилд: Нема да го заборавам овој пораз

Макфакс

12/07/2020

15:46

1.612

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Челси Френк Лампард не крие дека е разочаран од изданието на неговиот тим на гостувањето во Шефилд. „Сините“ вчера беа поразени со 3:0 поради што сега „висат“ во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Челси се трети на табелата со 60 бодови, но можат да бидат престигнати од Лестер и Манчестер Јунајтед.

Челси против Шефилд имаа посед на топка од 74 отсто меѓутоа не успеаја да направат нитуе една шанса за постигнување на гол.

„Игравме бавно, не ги вклучувавме крилата во нападите, бевме безопасни. Многу научив од овој натпревар. Сигурно е дека нема да го заборавам. Мораме добро да го анализираме ова и да се насочиме кон борбата за пласман во Топ 4“, рекол Лампард.

„Во сите елементи беа подобри од нас. Психички и физички. Кога нема публика можеш да слушаш што се случува на теренот, а јас ги слушав само играчите на Шефилд. Направивме многу грешки. Големо разочарување за нас“.

Челси во наредната рунда ќе игра против Норич.



Спонзорирани линкови

Маркетинг