„Ме соблекуваа гола и ме тераа да одам пред нив“: Исповед на некогашната шампионка, доктор три децении ги злоставувал девојките...

Точка

11/07/2020

16:37

12.639

Големина на фонт

а а а

Документарецот на „Netflix“, „Athlete A“, се занимава со злоставувањето на младите спортисти во Америка, а главната приказна се води околу антагонистот Лери Насара.

Лери Насара бил доктор во американската репрезентација речиси три децении, а за тоа време злоставувал девојки и момчиња во националната екипа, а потоа и на Универзитетот во Мичиген.

Откако Лори Хернандез, младата американска гимнастичарка и победничка на олимписките игри во Рио 2016-та година, ја открила шокантната винстина за деталите на психичките моменти кои што ги доживеала поради Меди, која што била суспендирана на осум години, покренала лавина од исповести на гимнастичарки и спортисти ширум светот.

Поранешната европска јуниорска шамоионка Кетрин Лајнос, открила потресна исповест за тоа дека тренерите ја тепале со палки и ја изгладнувале, со тврдења дека е дебела.

Ја заклучувале во ормар...

„Викаа на нас, а тоа беше причината поради која ние плачевме, а јас ќе почнев да хистеризирам.

Проблемот го решаваа така што ќе го зголемеа тонот на музиката во салите за да не се слуша нашето плачење или пак ќе не заклучеа и ќе не оставеа таму да плачеме додека не се измориме.

Доколку посакавме да го продолжиме тренингот, мораше да се извиниме поради лошо однесување, иако реално не бевме виновни за ништо“ – открила таа.

И Лиса Мејсон трпела тортури од своја 10-годишна возраст, а еднаш морала да оди пред своите колеги гола за да докаже дека е дебела:

„Од 12 години речиси постојано бевме на Волтарол, а некои од моите колешки речиси воопшто не можеа да го завршат тренингот без да консумираат лек. Еднаш ме присилија да се натпреватувам со истегнати мускули и стрес фрактура во пределот на потколеното“ – открила Мејсон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг